Оваа трага ќе го пронајде убиецот на Јелена

Извор близок на истрагата за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ тврди дека полицијата повторно влегла во домот на семејството Марјановиќ и земала отисоци и пронашла траги од крв на една од фотелјите во домот. Можеби крвта ќе доведе до разврска на мистериозното убиство кое со месеци ја тресе Србија и регионот.

– Потврдено е дека се работи за човечка крв, сепак прашање е на кого му припаѓа и дали ќе помогне во истрагата која веќе трае со месеци, вели соговорникот на Ало.

Крвта ќе биде испратена на вештачење.

И по цели 74 дена истрагата не стои во место, полицијата постојано е на насипот и во куќата на Марјановиќ.

Јелена беше убиена на 2 април.