Оваа учебна година изградени девет училишта

Годинава учениците од 33 основни и средни училишта го следат образовниот процес  во значително подобрени услови. Годинава се изградени во целост 3 нови училишта и 6 монтажни. Министерството за образование во целост ги реализираше активностите од Акцискиот план за изградба и реконструкција на училишта вреден приближно 500 милиони денари.

Во рамки на подготвителните активности за оваа учебна 2014-2015 година, беше предвидена реконструкција на 33 основни и средни училишта. Од МОН за Нетпрес информираат дека активностите од Акцискиот план биле целосно реализирани пред почетокот или непосредно по почетокот на тековната учебна година.

Оттаму информираат дека годинава се реконструирани 9 средни училишта меѓу кои „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, „Љупчо Сантов“ во Кочани, „Кочо Рацин“ во Велес, „Наце Буѓони“ во Куманово, „Ибрахим Темо“ во Струга, „Таки Даскалот“ во Битола,„ Дрита“ во Долнени.

ucilnica-prazna

Покрај ова, во согласност со Акцискиот план, оваа учебна година, учениците од 23 основни училишта образовниот процес го следат во целосно реконструирани објекти. Така учениците од средните училишта „Гоце Делчев“ во Гостивар, „Коле Канински“ во Битола, „Ванчо Прќе“ во Штип, „Живко Чинго“ и „Кочо Рацин“ во Охрид, „Мирче Ацев“ во населбата Ѓорче Петров, „Никола Петков Русински“ во Берово, годинава го следат образовниот процес во значително подобрени услови.

Реконструиран е и еден државен училишен центар за образование и рехабилитација –„Партение Зографски“.

Покрај реконструкцијата, оваа учебна година во Акцискиот план беше опфатена и изградба на 3 целосно нови училишта.

srpci_shkolo_kanal_5

Ново средно училиште беше изградено во општина Шуто Оризари. Во општина Могила, во село Српци  целосно беше изградена нова училишна зграда на училиштето „Гоце Делчев“, откако старата зграда изгоре во пожар во 2013-тата година. Исто така, ново училиште беше изградено и во општина Боговиње, во село Синичане.

Шест монтажни училишта беа изградени во рурални средини (во Битола во селата Крклино и Карамани, во Прилеп во селата Галичани и Беровци, во Крушево во село Свето Митрени, во Боговиње во селце Кече).

montazzno_ucilishte

Досега подобри инфраструктурни услови за образование добија повеќе од 140.000 ученици.

Сумирано, од 2006 година па досега, Министерството за образование и наука изгради 45 основни и 5 средни училишта. Во овој период, реконструирани и санирани се околу 230 основни и 80тина средни училишта. За оваа намена инвестирани повеќе од 2,2 милијарди денари.