среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ во ХНК Загреб

Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“.

Последни вести

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а во рамките на 41-то издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, синоќа настапи на големата сцена во Хрватско народно казалиште во Загреб.

– Преполната сала со овации ја награди актерска екипа од „Животот е прекрасен“.  За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“. Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност, соопшти прес-службата на МНТ.

Фестивалот „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ и оваа година ги собра најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција, како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора.
Фестивалот е во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух од Загреб.
Годинашното 41. фестивалско издание почна на 2 јуни, а организаторите очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници. Затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“. Оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерњи лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.
Претставата „Животот е прекрасен” во мај годинава гостуваше и во Будимпешта на престижниот фестивал МИТЕМ  на сцената на Националниот театар на Унгарија.

Најчитани вести