Овен: Англија ја пропушти шансата да биде крунисана за светски шампион

Легендарниот репрезентативец на Англија, Мајкл Овен е убеден дека „Гордиот Албион” ја има пропуштено најголемата шанса за да слави на едно Светско првенство.

„Во 1998 година, Англија имаше многу силен тим. Тој тим беше сосема различен во 2002 година, но и тогаш имавме многу силен тим. Го имавме се тоа што е потребно за да бидеме дефинирани како „златна генерација”. Сепак, на секое Светско првенство имаме елиминациска фаза, имаме пенали и сите сме сведоци на една таква трагична ситуација, кога подобриот тим е елиминиран. Во 1998 година Англија беше подобра од Аргентина, 60 минути игравме со играч помалку и бевме елимирани после ударите од белата точка.  Четри години подоцна не бевме полоши од репрезентацијата на Бразил, но повторно бевме елиминирани, повторно немавме среќа. Моменталниот тим на Англија не е толку силен, но сите им држиме среќа”, изјави Овен.