Овен веќе ја отпиша Англија

Легендарниот репрезентативец на Англија, Мајкл Овен е убеден дека „Гордиот Албион” не може да ја освои светската титула на Мундијалот во Бразил.

„Во 1998 година, Англија имаше многу силен тим, сосема различен од тој кој го имавме на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. И тогаш имавме силен тим, но не толку како тој во Франција. Ја имавме златната генерација, тим составен од фантастични фудбалери. Сепак, секоја грешка скапо се плаќа за време на фудбалскиот мундијал. Една грешка во елиминациската рунда и веднаш ги пакуваш коферите. Не можам да кажам дека бевме најдобри во Франција, но бевме подобри од Аргентина и игравме со еден играч помалку. Пеналите се покажаа како кобни за Англија. Моменталниот тим на Англија не е толку силен, не е толку квалитетен. Сепак, јас ќе им држам среќа на моите сонародници и се надевам дека помладите фудбалери ќе ја искористат историската шанса”, изјави Овен.