Овие апликации ви ги „голтаат“ батеријата и интернетот на мобилниот

Ако се прашувате кои апликации се одговорни за брзото трошење на батеријата но и на интернетот на вашиот телефон, тогаш одговорот  е мошне едноставен – тоа се социјалните мрежи.

За да ги спречите да го трошат вашиот брз интернет пресметан во претплатата или во бонус пакетот, ограничете ја употребата на интернет сообраќајот во апликациите како што се Snapchat, Twitter, Instagram и Facebook.

Иста е ситуацијата и со WhatsApp, Viber, Pinterest, Tumblr и другите апликации што ги нудат истите опции за заштеда за време на праќањето на фотографии, видеа, разговори и аудио пораки.

Порталот Cnet во видео прилогот објаснува како да ја намалите потрошувачката на интернет во трите популарни апликации, а вие потрудете се да го направите тоа во сите апликации на социјалните мрежи, ако сакате да го „продолжите“ траењето на интернет пакетот – подесувањата се помалку или повеќе слични.

Траењето на батеријата можете да го продолжите со бришење на апликациите Facebook и Messanger и со нивно користење преку Chrome пребарувачот што секако е вграден во оперативниот систем Android. На тој начин ќе ја намалите потрошувачката на батерија и до 15 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.