Со овие билки подолго ќе останете млади

Убавиот тен и здравата коса отсекогаш биле императив за убавина. Нашите баби немале полни полици скапи дневни и ноќни креми, лосиони и шампони, но секогаш биле негувани и убави.

Тајната, пренесувана од мајка на ќерка е во вештото користење на даровите на природата.

Некогаш секоја куќа во својот двор имала билки како камилица, невен, кантарион, жалфија…

Овие чудотворни билки не се само лек за многу болести, туку и вистински еликсир за убавина.

Камилица

Камилицата е неизоставен дел од речиси секој препарат за нега на коса, за осетлива кожа, или пак маслата за масажа.

Невен

Невенот е составен дел од голем број креми за нега на сува, испукана и оштетена кожа и усни, како и препаратите за нега на детската кожа, а неговото најпознато дејство е брзото заздравување на рани и изгореници.

Кантарион

Кантарионот во природната козметика најчесто се користи за смирување на надразнетиот епидерм и враќањето на влажноста на кожата. Најпознатиот производ е маслото од кантарион. Оваа билка е позната по своето антибактериско дејство и се користи за брзо заздравување на рани и изгореници.

Жалфија

Жалфијата одамна е ценета лековита билка. Најважните лековити состојки на листот од жалфија е испарливото и миризливо масло, но нејзината лековитост потекнува и од другите состојки. Ако чајот од жалфија го користите за внатрешна употреба, една лажичка исушени ливчиња прелијте со вода и варете ги 3-5 минути, додека подготовката за надворешна употреба бара жалфијата да се прелие со зовриена вода и така да отстои половина час. По тоа течноста се процедува и се испира неколку пати во текот на денот.