Овие четири причини не се изговор за секс!

На голем број луѓе им е полесно да побараат минлива забава или да пронајдат било каков партнер, за да го избегнат соочувањето со тагата, проблемите, осаменоста или слично, што секогаш е грешка.

И мажите и жените имаат различни причини поради кои стапуваат во сексуални односи. Тоа најчесто е меѓусебното допаѓање и хемијата, но многу почесто причините се сосема поинакви.

Тие преку сексот се обидуваат да достигнат различни цели, но, ако тоа го правите поради овие четири причини, тогаш немојте!

Секс со бившиот

Сексуалниот однос помеѓу поранешните партнери е многу почеста појава отколку што самите можете да замислите, особено ако по раскинувањето меѓу двајцата останале неразрешени работи и измешани чувства. Често еден од партнерите смета дека со помош на сексот може да го врати партнерот, да ги оживее страстите… Не!

По раскинувањето потребно е да направите емотивна дистанца од бившиот, а сексот во тоа никако нема да ви помогне. Овој чин само ќе ви внесе уште повеќе нејаснотии, од типот на прашањето: „Зошто спиеше со мене ако повеќе не ме сака“, ќе размислувате дека повторно сака да биде со вас и слично. Почнете прво со физичка дистанцираност, а по некое време ќе следува и емотивната дистанца.

Убивање на тагата

На голем број луѓе им е полесно да најдат минлива забава или да најдат било каков партнер, за да го избегнат соочувањето со тагата, проблемите, осаменоста и слично. Жените често спијат со некој маж откако ќе излезат повредени од некоја лоша врска, а тоа го прават затоа што поствесно сакаат самите на себе си да си докажат дека се пожелни и добри заводнички и дека има други мажи што би сакале да бидат со нив.

Ваквите одлуки се лоши од неколку причини – можете да го повредите тој маж, а иако не се надевате, можете да завршите во уште поголема депресија отколку што сте биле кога сте го направиле тоа. Значи, вашиот проблем секако ќе ве дочека во некој миг, колку побрзо се решите од него, толку подобро за вас. А минливата забава во секој случај не е ниту едно од решенијата.

Сексот како средство за контрола

Ова секогаш е лоша идеја. Доколку некому му се допаѓате, а тој вам не ви се допаѓа или сосема спротивно – тој вам ви се допаѓа, а ви изгледа дека нему не му дошло до вас, во никој случај не треба да стапувате со него во сексуален однос со надеж дека тој ќе направи нештата да се променат. Тоа едноставно не се случува.

Ако тој не сака да биде со вас во врска, уште помалку ќе го сака истото, откако ќе ве добие лесно, а ако го користите сексот како оружје за манипулација и за да го потхраните сопственото его, тоа едноставно не е во ред за личноста која за вас негува искрени емоции.

Одмазда

Дали познавате некого кој доживеал неверство од партнерот, па сега веќе никому не му верува и сака со иста мерка да им врати ан сите идни партнери? Всушност ќе се изненадите колку многу луѓе размислуваат на овој начин.

Навистина, неверството е болен и тежок удар, посебно ако сте вљубени и навистина може да ви се случи таквото искуство да ви ја поремети способноста повторно да му верувате на спротивниот пол. Но, верувањето дека сите луѓе се исти и дека постојано ќе ви се случува истото, психички ќе ве уништи. Исто така, ако сите останати ги користите само за секс поради одмазда, кога тогаш ќе почне да ве гризе совеста поради болката што сте им ја нанеле на луѓето што немаат никаква поврзаност со вашите лоши искуства и игрите со кои сте ги изманипулирале. А на крајот на краиштата сексот од одмазда нема да ви донесе ништо освен поголем број сексуални партнери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.