Овие два хороскопски знаци не можат еден без друг

Станува збор за Бик и Скорпија, кај кои е присутна огромно количество страст, затоа што и двата хороскопски знаци во љубовта често ги движи страста, романтиката и отвореното безрезервно превадавање на сетилната страна на љубовта така што може да се каже дека кога се заедно во целост се маѓепсани со љубовта.

Тие се две спротивставености што неможат да се одвојат еден од друг. Нивната страст и хемија е толку јака што е видлива и за обичниот посматрач.

Скорпијата го обожава тоа што Бикот не е личност што лесно ќе ја добијат и тоа е онаа доза на предизвик што тие ја сакаат.

За Бикот во љубовната врска мошне значајно место заземаат физичките контакти и тежнеењето за достигнување емотивна сигурност така што Скорпијата што зрачи со привлечност и која што во љубовта очекува многу страсти може во целост да одговори на потребите на Бикот. Исто така важен сегмент за доброто сложување може да претставува и фактот што Скорпијата настојува во животот да биде реална и тоа што може добро да се вклопи со Бикот кој што исто така најдобро се снаоѓа со земјените и реални нешта. Оваа љубовна двојка често сака подеднакво да ужива како во топлината на семејниот дом, така и во посматрањето на залезот на Сонцето.