Овие два хороскопски знаци со нетрпение ќе чекаат да помине овој февруари

Девица

Девиците, иако ќе бидат полни со позитивна енергија и подготвени да се соочат со сите предизвици, сепак ќе мора да ги избегнуваат советите од поединци од нивна близина во работното окружување. Всушност со нив само ќе се исцрпуваат, беспотребно ќе влегуваат во конфликт и ќе ги губат нервите…

Во февруари кај Девиците непријателски настроените планети ќе нависнат врз полето на љубов и деца. Затоа овој период за вас ќе биде вистински предизвик и ќе биде исполнет со многу фрустрации и напнатост. Оние што се во тазе врска, сега може да ја испробаат страсната фаза на емотивниот однос. Како и секоја страст, ќе бидете повремено исклучително задоволни, но ќе се јават и љубомората, посесивноста, контролата… Овие опасни игри со оган може да предизвикаат дури и прекин на врската со помирувања и чести осцилации.

Претставниците на знакот што подолго време се во врска малку полесно ќе го преживеат периодот на криза и нестабилност. Потрудете се да изградите меѓусебна отвореност и да ги покажете сопствените емоции.

Сепак, овој месец ќе биде најтежок за девиците во брак. Тие во фебруари ќе се соочат со замрзнати емоции затоа што паднале во замката на брачната магла, каде веќе јасно не гледаат дека се вовлекла меѓусебната недоверба. Треба колку е можно побрзо да се обидете да ги поправите односите и да се пронајдете на духовно ниво, за нештата да не отидат предалеку.

Иако сте со полна сила и во форма, се исцрпувате на работа и многу сте напнати. Исто така би било корисно помалку време да поминувате пред компјутер.