Овие два знаци најдобро е да го преспијат мај: Тешкотии и проблеми цел месец

Близнаци

Доста е комплицирано, со Марс што е ретрограден и со Сатурн во куќата на врската на Близнаците, ова нема да биде најповолен месец за љубов. Во врските ќе се соочите со проблеми или може да се работи за проблеми од околината што ќе влијаат на вашиот однос. Можеби партнерот ќе поминува низ тежок период. Како и да е, нештата нема да бидат толку многу лоши како што ќе ви се чини. На крај се ќе се среди и ќе се смири. Јупитер ќе биде поддржан од страна на Сонцето што ќе биде засилено од Венера и од Меркур. Ќе има нови прилики за љубов. Нештата може да станат поинтересни кон крајот на месецот кога Венера влегува во Близнаци.

Вага

Поарди тоа што Марс е ретрограден, во куќата на двојките на Вагата, љубовниот живот ќе биде полн со неочекувани настани. Ретроградното движење не е природно и затоа може да доведе до необични ситуации што може да бидат вознемирувачки, нелагодни, фрустрирачки или едноставно изненадувачки. Не се исклучува можноста некои стари и заборавени проблеми повторно да испливаат на површина или во вашиот живот да се појави некоја личност од минатото. Постои ризик од блокади и конфликти. Како и да е, нештата нема да се развиваат онака како што очекувате. Од друга страна, Венера, планетата на љубовта и хармонијата, се наоѓа во 8-мата куќа на Вагата и може да ве поттикне на грижи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.