Овие хороскопски знаци имаат највисоки плати

Голем број астролози ги поврзуваат парите со втората и осмата астролошка куќа! Еве на кои хороскопски знаци ѕвездите им се особено наклоети кога станува збор за парите.

Истражувањето што го направи веб страната CareerBuilder.com покажува на кои знаци ѕвездите им се навистина наколонети. Со анализирање на одговорите и платите што ги заработуваат припадниците на различните хороскопски знаци, дошле до интересни поклопувања.

Така се покажало дека биковите, скорпиите, лавовите и раковите во просек заработуваат повеќе од 100 илјади долари месечно, што е повеќе од било кое друго просечно примање.

Голем број астролози ги поврзуваат парите со втората и осмата астролошка куќа со која владеат биковите и скорпиите, така што не зачудува што овие два знака се најдоа на лицата на најбогатите.

Голем број бикови под влијание на Венера развиваат префинет вкус па затоа луксузниот живот за нив е потреба што ќе им создаде чувство на сигурност, стабилност и удобност. Но, вредните бикови имаат смисла и за управување со сопствените пари, па нема да дозволат непотребно растурање на пари.

Скорпијата исто така е во потрага по удобен живот, што најчесто им е овозможено поради вродените способности за инвестирање. Поради моќната енергија на една скорпија, дури и нејскриените желби може да станат ставрност.

Лавовите сакаат да бидат забележани и да ги почитуваат, па многу често тоа и го постигнуваат. Нивниот енергичен настап е нешто што сите ќе го запомнат и поради што просто ќе ги обожаваат. Ваквиот општествен углед често им овозможува многу пари затоа што лавовите ќе вложуваат големи суми за да ја финансираат својата облека, подароци и раскошни вечери за блиските лица.

Пожртвуваните ракови ги води желбата да го обезбедат сопственото семејство и грижливо да го уредат сопствениот дом. За да го постигнат тоа, тие ќе развијат работна етика и амбиција па оваа желба наскоро ќе им стане ставрност. Вредните и успешни ракови најчесто ќе продолжат да го живеат животот скромно, уживајќи во благодетите и сигурностите што си ги обезбедиле.

На врвот на листата на хороскопск знаци на коишто ѕвездите не им се наклонети на ова поле се водолиите и јарците.