Овие хороскопски знаци не можат да се одвојат еден од друг

Станува збор за Бик и Шкорпија, кај кои е присутна огромна количина на страст бидејќи и двата хороскопски знаци во љубовта често ги движи страста, романтиката и отвореното и безрезервно предавање на сензуалната страна на љубовта, па така може да се каже дека заедно тие се целосно маѓепсани од љубовта.
Овие знаци се две спротивности кои не можат да се одвојат еден од друг. Нивната страст и хемија е толку силна, што е видлива и за обичните набљудувачи.

Шкорпијата го обожува тоа што Бикот е некој кој нема лесно да го добие и така го добива предизвикот кој го посакува.

Кај Бикот во љубовната врска многу му се важни физичките контакти и стремежот за достигнување на емотивна сигурност, па така Шкорпијата која зрачи со привлечност и која во љубовта очекува многу страст, може целосно да одговори на потребите на Бикот.


Исто така, важен сегмент на доброто сложување може да претставува и фактот дека Шкорпијата настојува да биде реална во животот и може добро да се вклопи со Бикот, кој исто така најдобро се снаоѓа со земјените и реални работи. Овој љубовен пар често сака подеднакво да ужива и во топлината на семејниот дом, и во набљудување на заоѓањето на сонцето.