четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 30

Овие хороскопски знаци сигурно ќе имаат повеќе од еден брак

horoskop-111

Поврзани вести

Никој не сака односот во кој вложл многу емоции, време и труд да резултира со неуспех, меѓутоа ѕвездите се наклонети кон некои хороскопски знаци кога во прашање е бракот. Откријте во која група на зодијачки знаци се наоѓате вие.

Бик

Секогаш во петта брзина, Биковите целиот свој живот имаат можност да запознаваат интересни личности на најразлични места. Весели и помалку бучни, припадниците на оовј земски знак лесно привлекуваат внимание кај спротивниот пол, и пред бракот имаат многу врски и авантури. Така што успеваат да искристализираат во главата покрај каква личност сакаат да го поминат животот.

За брачен партнер најчесто бираат лица со кои не се предолго во врска, и на тој потег се одлучуваат повеќе наслонувајќи се на интуиција, отколку на рационално размислување. Биковите се добродушни и широкогради, тка што за саканата личност би направиле се’ на светот. Но, Бикот има проблем со љубоморни испади и не сака за неговиот партнер друг да се интресира.

Дури и кога е во брак, Бикот сака да се движи на многу места и често ќе го запоставува домот и семејниот живот. Но, кога ќе види дека бракот му е на стаклени нозе, ќе направи се’ за да ги поправи работите. Сепак, крајот на бракот го доживува како голем животен пораз и ќе сака да самува подолг временски период, а кога следниот пат ќе запознае личност која вреди за внимание, на сосема поинаков начин ќе вреднува дали е тоа материјал за брак.

Девица

Припадниците на овој знак несомнено сакаат да се во центарот на внимание, а тоа лесно им поаѓа од рака бидејќи се исклучително интелегентни, шармантни и духовити. Лицата од спротивниот пол често ги доживуваат како пријателски фигури, а не како материјал за врска, што најчесто е причина зошто немале повеќе врски пред бракот. Секако, има и такви Девици кои заведуваат каде и да се појават, но тоа се повеќе авантури отколку сериозни врски.
Кога ќе запознаат личност за која сакаат да се врзат, ќе се преправаат дека не ги гледаат мааните на другиот и се надеваат дека со текот на времето ќе успеат да го преобликуваат партнерот по своја желба.
Девиците над се’ сакаат заедништво, самотијата ги плаши, па тоа им најчесто главен мотив за брак.
Ќе се занимава со анализа на секоја постапка на брачниот партнер, бидејќи Девиците по природа се склони да ги расчленуваат сите појави во својот живот до најситни детали. Ако брачниот партнер не сака да го премолчи таквото однесување, ете причина за емотивно несогласување, бидејќи
Девицата смета дека секогаш е во право и дека таа знае најдобро.  Кога во брачните односи не оди баш се’ најдобро, често е склона на вонбрачни афери. Кога ќе стане слободна, Девицата не губи време и повторно наоѓа партнер, бидејќи таа не сака да функционира сама.

Вага

Главни адути на овој воздушен знак се тоа што е во состојба секого да маѓепса со својта приказна, со хумор, и што оддаваат впечаток на исклучително смирени и рационални личности, па не им е тешко да го заведат оној кој го посакуваат. Иако физичкиот изглед понекогаш не им е силна страна, тоа го компензираат со својата колоритности многу забавна личност, што ги прави неодоливи.
Не се имуни на кратки врски, но сепак преферираат долги врски и најчесто за брачен партнер го избираат оној со кој поминале долго време.  Но, понекогаш се испоставува дека тој долг период поминат со една личност не е грант за долг брак . Вагите често се некаде помеѓу земјата и небото, помеѓу сопствените желби и можности, па иако се свесни дека можат многу подобро, тие во брак влегуваат со личност која по интелект и по други способности недоволно им одговара.
Во нивна природа е да се неодлучни и константно разислуваат дали нешто можеле подоро да го направат.
Од брак воглавно излегуваат со договор со партнерот, кој е свесен дека емоциите исчезнале и дека е најдобро секој да го фати својот пат. На Вагата и треба време да преболи, но таа никогаш не престанува да верува во вистинска љубов и во состојба е да биде во врска со колку лица и да е потребно за да на крајот ја најде вистинската љубов и со неа да остане до крајот на животот.

Најчитани вести