Овие намирници не треба да ги подгревате!

Доколку овие намирници ги подгреете можете да создадете краткорочни последици по себе, како проблеми со варењето, но можете и трајно да го загрозите вашето здравје.

Целер

celer

Целерот е една од повеќето намирници кои не треба да се подгреваат. Доколку целерот го користите во подготовка на супа, по готвењето задолжително извадете го од супата и изедете го свеж. Целерот содржи нитрати кои стануваат токсични доколку повторно ги подгреете.

Јајца

jajca_copy2

Јајцата спаѓаат во „рискантните“ намирници. Тврдо готвените јајца, кајганата или мусаката која сте ја прелиле со јајца немојте да ја подгревате. Попаметно ви е да ги оставите во фрижидер и ладни да ги изедете, наместо да ги подгревате.

Спанаќ

spanak3

Спанаќот содржи нитрати кои по стоењето, но и по подгревањето се претвораат во канцерогени нитрати опасни по нашето здравје. Поради тоа спанаќот изедете го веднаш по подготовката и не оставајте го за подоцна, особено не за утредента.

Компир

kompir

Од мали не учеле дека компирот не се подгрева. Не само што веќе нема вкус како свежо подготвениот, туку станува и токсично. Компирот за време на подгревањето ги губи „здравите особини“ и може да стане опасен по здравјето.

Печурки

pecurki

Печурките изедете ги веднаш по подготовката бидејќи со подгревањето се менува протеинот во печурките поради што може да дојде до разни проблеми со варењето, како и до проблеми со желудникот. Печурките по подгревањето го менуваат и вкусот, поради што никако не треба да ги оставите за подоцна или за утредента.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.