Овие нешта им се мошне важни на жените во сексот

Иако имаат силно либидо, постојаниот секс, пребрзиот крај, прегрубиот секс, недостатокот на имагинацуја или форсирањето на пози од порно филмовите ќе ги одвратат од сексот.

  1. Молчењето во постелата ја убива страста

Околу 42 отсто од жените тврдат дека страста е најдобар начин за отклучување на нивните најлуди желби во креветот. Најсилниот сигнал дека се пожелни и дека нивниот партнер е луд за нив се неговите зборови, што навистина дејствуваат како афродизијак.

  1. Предиграта може да биде и „главен настан“

Предиграта за мажите и за жените може да има двојно значење. Додека припадниците на посилниот пол ќе го доживеат како нешто што му претходи на сексот, за жените ова е најдобриот дел од целото искуство. Дури две од пет жени ќе доживеат оргазам за време на предиграта, а прекраткиот вовед во секс е нешто на што жените најчесто се жалат.

  1. Забавете

Само една од пет жени може да доживее оргазам само со пен етрација, а повеќето жени посакуваат нивниот партнер да го забави ритамот и повеќе да се служи со раката и со устата, покажува една асвтралиска студија спроведена на 19.000 двојки. Таа открива дека над 90 отсто од жените може да доживеат оргазам со рачна или орална стимулација, но над 50 отсто од нив нема да го побараат тоа од партнерот затоа што стравуваат дека тоа би траело премногу долго и дека би создало притисок.

  1. Понежно обично значи „малку пополека, боли“

Ако партнерката за време на сексот ви вели „понежно“ тоа не значи дека треба да престанете со тоа што го правите. Ерогените зони како клиторисот имаат голем број нерви, а силниот притисок предизвикува иритација наместо задоволство. Поради тоа треба да го подготвите теренот со загревање, односно со движења што не се директни, како нежни бакнежи околу самото подрачје, а топлиот здив и промената на движењата секако ќе помогнат.

  1. Благодарноста се покажува

Помалку од половина жени ќе доживеат оргазам ако сексот трае помалку од  минути, покажа една студија објавена во списанието Journal of Medicine. Тоа значи дека кај сексот на брзина поголемиот број мажи, но и ретко која жена ќе доживеат оргазам. Тоа не значи дека мажот по брзата акција треба да рече благодарам, туку да најави дека подоцна „таа ќе дојде на ред“. Исто така запомнете дека за жените брзиот секс е исклучок, а не правило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.