Магазин

Овие нијанси се вистински тренд ова лето

Овие нијанси се вистински тренд ова лето

Доколку ова лето сакате да ја промените бојата на вашата коса, тогаш добро би било да погледнете кои нијанси се актуелни.

Со летните денови вообичаено доаѓа и трендот на нијансирани бои. Новата боја на коса може да направи да изгледате посекси и поотмено, а летото е идеален период за експериментирање.

Прамени со боја на мед и карамела

Благите премини од коренот до краевите се она што ги карактеризира русо-смеѓите девојки. Прамените во топли мед и карамела бои го истакнуваат тенот и  убаво изгледаат на малку потемнета кожа.

Златно руса

Златните нијанси изгледаат како сончеви зраци во косата и се доста популарни сезонава. Оваа боја ќе ја освежи вашата коса, а на фризурата ќе и пружи сосема нов изглед.

Лешник

Нијансата на лешник е раскошна боја полна со сјајни тонови на лешник за блескава боја на косата. Оваа нијанса одлично одговара на потемнет тен.

Темно кафена

Станува збор за доста класична, но богата чоколадно – смеѓа боја, која на вашата коса ќе и даде природен изглед и сјај и тоа во потемни тонови. Исто така можете да ја комбинирате со прамени во посветли и потемни нијанси на кафена боја.

Бакарна боја

Сезонава во центарот на вниманието се најде и смелата бакарно црвена боја. Имено, оваа нијанса е се поголем тренд сезонава, а се поголем број девојки се одлучија за оваа смела и впечатлива нијанса.