Овие пораки немој да му ги праќаш на новото момче!

Можеби ти се чинат како безопасни, но секој пат кога ќе му пратиш некоја ваква порака, му праќаш погрешна порака.

„Мислам на тебе“

Ова може да му го пратиш на момчето со кое што се забавуваш неколку години, но ако оваа содржина му ја пратиш на момчето со кое неодамна си почнала да се гледаш, тогаш може да помисли дека за многу кратко време сте отишле предалеку.

Наместо тоа, подобро е да му напишеш: „Беше интересно минатата вечер. Се надевам дека ќе се видиме после“. Пред вашата врска да стане сериозна, излегувањето со некого би требало да биде забавно. Дај му до знаење дека ти дошло до него, но без претерани импресии на почетокот, за да не помисли дека веќе си почнала да планираш како ќе изгледа вашата свадба и како ќе ви се викаат децата.

„Што правиш“ (на полноќ и подоцна)

Ако сакаш врска без обврски, тогаш сосема е во ред да му пратиш ваква порака, затоа што таа им дава лажни сигнали за мажите. Тоа е исто како да си му напишала: „Сакаш да имаме секс?“

Во секој случај подобро е пред полноќ да му пратиш порака со содржина: „Носам нешто што би ти се допаднало“ и ќе му ја поттикнеш имагинацијата, ќе претпостави дека си сама и дека мислиш на него!

„Би требало да бидеме пријатели на Фејсбук“

Ова најверојатно го бараш за твоите другарки да ги видат фотографиите на твоето ново момче, ама полека, затоа што некои може да си помислат дека ова го бараш за веднаш да ставиш статус на Фејсбук дека сте во врска.

Направи фотографија од твојата Фејсбук страница и прати му ја со порака: „Ќе ти ја покажам мојата, ако ти ми ја покажеш твојата“.

„Каде беше“

Ова е смс порака на очајна и љубоморна девојка, а ти не сакаш тој да мисли дека си таква. Наместо тоа подобро е да му пратиш порака со содржина: „Еј, како си?“. Ако навистина му се допаѓаш, тоа ќе биде доволно за тој да ти одговори и да продолжите со разговорот.

Ако не ти одговори, можеш да му ја пратиш истата порака неколку дена подоцна, но само еднаш. Ако и понатаму несака да ти одговори, тогаш можеби е најдобро и воопшто да не размислуваш за него.

„Дали сакаш да ги запознаеш моите родители викендов“

На мажите запознавањето со родителите им е навистина важен чекор во животот и можно е да се преплаши ако му пратиш нешто вакво. Подобро е да му пратиш порака со содржина: „Моите родители доаѓаат викендов, можеби нема да можам да излезам“.

Ако покаже интерес да ги запознае, може да му кажеш дека е добредојден да се придружи ако сака. Ако не покаже некој особен интерес, тогаш не треба да очајуваш, затоа што најверојатно сеуште не се чувствува подготвен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.