Овие производи се неопходни за женското здравје

Еве список на производи што би требало често да се најдат на вашето мени. Жените живеат со забрзано темпо, водат сметка за семејството, за воспитувањето на децата, одат во шопинг, го одржуваат домот, готват и одат на работа. Со таквиот забрзан начин на живот, често го запоставуваат сопственото здравје.

Физичкото и психичкото здравје е во директна врска со начинот на исхраната. Хранливите материи како што се витамините Б и Д, протеините, железото, фолната киселина, хромот, калциумот, магнезиумот, ензимите, влакната и есенцијалните масни киселини се мошне важни за здравјето на секоја жена.

Со правилен избор на храна може да се зајакнат коските, да се зголеми енергијата и да се дејствува превентивно на појавата на голем број болести.

Грчки јогурт

Во споредба со обичниот јогурт, грчкиот јогурт содржи помалку маснотии и повеќе калциум и протеини, што се неопходни за здрави заби, ги зајакнува мускулите и ги зацврстува коските. Со редовно конзумирање на грчкиот јогурт ќе го подобрите варењето и ќе ја спречите појавата на гасови и подуеност. Исто така некои истражувања покажаа дека грчкиот јогурт делува превентивно на појавата на ракот на дојка, чир на желудникот и вагиналните инфекции.

Грав

Гравот содржи висок процент влакна, протеини и флавоноиди, а малку маснотии. Исхраната богата со грав може да ви помогне при слабеењето, регулирањето на нивото на шеќерите и да дејствува врз срцевите заболувања и ракот на дојката. Исто така, гравот има позитивна улога во регулирањето на хормоните. Овој производ е добар и за бремените жени затоа што е богат со фолна киселини.

Спанаќ

Спанаќот, како и другиот лиснат зеленчук спаќа во задолжителните производи за сите возрасти. Изобилува со важни хранливи материи, како што се железо, калциум, фолна киселина и витамините К, Ц, Е и Б. Покрај тоа, спанаќот е богат со амино киселини, антиоксиданси и силни фитохемикалии што се значајни за здравјето на жените. Спанаќот е одличен за здравјето на срцето, кожата, коските и црниот дроб.

Домат

Доматот е богат со липокен, антиоксиданс што делува превентивно на појавата на ракот на грлото на матката и ракот на дојката и затоа е задолжителен продукт на менито кај жените. Покрај тоа, липокенот ја штити кожата од штетните сончеви зраци. Полифенолот од доматот делува позитивно на срцето.

Јагоди

Јагодите содржат доста витамин Ц и калиум, па се одлични за зајакнување на имунитетот. Моќните антиоксиданси во јагодите го штитат срцето, ги ублажуваат брчките, го подобруваат видот, ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат ризикот од уринарни инфекции. Јагодите може да го намалат ризиокот од неколку видови канцери.

Лосос

Омега 3 масните киселини делуваат позитивно на здравјето на мозокот и на васкуларниот систем. Лососот е одличен извор на омега 3 масни киселини, што препорачуваат во бременоста, а може да го поправат расположението и штитат од Алцхајмер. Лососот е нискокалоричен и содржи високо ниво на витамин Д.

Темна чоколада