Овие производи се ваши сојузници за здрави нокти

Секоја жена сака да биде негувана. За здрави нокти неопходно е да се посвети малку поголемо внимание и на исхраната. Во продолжение еве неколку производи кои се најголеми сојузници за негувани нокти.

Блитва

Блитвата е многу богата со биотин (витамин H) кој е мошне важен за зајкнување на ноктите. Покрај блитвата, одлични извори на биотин се и морковот, козјото млеко, јајцата, лососот, бананата.

Пилешко месо

Протеините се исклучително важни за зајакнување на ноктите, а пилешкото месо е богато со протеини. Протеините ќе ви помогнат ноктите да ви бидат здрави и да им се врати природниот сјај. Доколку не сакате да јадете пилешко месо, морските плодови и житарките исто така се добри извори на протеини.

Морски плодови

Морските плодови се извор на цинк, кој е важна состојка за здравјето на ноктите, но и за зајакнување на имунолошкиот систем. Други производи кои исто така се богати со цинк се: соја, спанаќ, какао…

Грав

Доколку имате проблеми со кршливи нокти, можно е на вашиот организам да му недостасува железо. Гравот е многу богат со железо, а ако не сакате да јадете грав, можете во исхраната да ги внесете сите видови на мешунки, зелена салата, суво овошје, црвено месо, како.