Овие промени во менструалниот циклус не би смееле да ги игнорирате

Кои промени во менструалниот циклус не би смееле да ги игнорирате? Иако менструацијата би требало да биде редовна, промените во менструалниот циклус се промени што може да бидат причинети од голем број фактори. Стресот, подолгото патување, вирусните инфекции и употребата на некои лекови може да влијаат на циклусот, сепак, постојат симптоми што не би смееле да ги игнорирате.

  1. Нередовна менструација

Речиси секоја жена знае колку долго и трае менструалниот циклус. Иако како идеален циклус се смета оној што трае 28 дена, должината на траење на менструалниот циклус е индивидуална. Циклусот што трае помеѓу 21 и 45 се смета за нормален, па било какви промени во рамка на тој период не би требало да ве загрижуваат. Но, ако менструалните циклуси се пократки од 20 дена или пак ако паузата меѓу двете менструации е мошне голема, тогаш треба да го посетите вашиот гинеколог.

Една од главните причини за промените во менструалниот циклус е стресот. Оваа болест на денешницата предизвикува или нагло опаѓање или раст на хормоните што моше да го поремети, односно да го помести менструалниот циклус. Исто така, ако новата состојба се повторува од месец во месец тоа може да биде показател на некои сериозни здравствени проблеми како заболувања на тироидната жлезда.

  1. Силни болки или грчеви

Менструалните болки се сметаат за нормална појава предизвикана од хормоналните промени. Тие може да бидат активирани од вирози и болести или пак од стресни животни промени. Иако грчевите за време на менструацијата се мошне чести кај поглемиот дел од жените, силните и неиздржливите болки не би смееле да станат нормална појава поради која секој месец лежите во постела и пиете таблети против болки, туку за тоа е потребно да се консултирате со гинеколог.

Истражувањата забележиле како жените што патат од доста силни менструации имаат зголемено ниво на простагландин во слузницата на матката, односно ендометрија и во менструалното крварење делувајќи на матката, предизвикуваат контракции на мускулите и на крвните садови.

Освен оваа нормална појава, силните болки грчеви за време на циклусот може да се предизвикани и од некои промени во организмор како ендометриоза, воспаление на органите, стеснување на каналите на матката, миоми на матка големи цисти на јајниците.

  1. Обилна менструација

Слично како и должината на менструалниот циклус и нивото на крварење е доста индивидуално кај жените. За нормално крварење се смета она т трае помеѓу 2 и 7 дена, а крварењето би требало да биде толкаво да може да го впие една поголема влошка, односно 3 до 6 тампони дневно.

Ако менструацијата стане толку обилна да неможете да ја контролирате со помош на хигиенска помагала (повеќе од 80 мл дневно), за таа појава мора да го информирате вашиот гинеколог.

Дури половина од обилните менструации е предизвикана од промени како што се полицистични јајници, миоми, аденомиоза и полипи, но некои од поопасните заболувања како што се карцином на грлото на матката или тумори кои лачат естроген.