вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

Овие реченици несмеете да ги изговорите на интервју за работа

intervju-rabota

Поврзани вести

Речиси на сите од нас за време на интервјуто за работиа ни поминуваат најмалку 1.000 различни мисли низ главата. Токму затоа еве еден краток водиш низ нештата, односно еве кои реченици не би требало да ги изговорите ако сте на интервју за работа, а многу сакате токму вас да ве примат.

Извинете што доцнам

Доцните уште пред да почнете било што? Веднаш да бе предупредиме дека ова е еден од најголемите гревови. Секогаш е подобро да тргнете половина час порано, отколку да доцните. Првиот впечаток сепак е еден од најважните.

Не се сложував добро со поранешните колеги или со шефот

Честито, со ова официјално ги изгубивте сите шанси за да ја добиете работата. Дури и ако тоа е вистина, некои работи подобро е да ги задржите за себе си. Работодавачите, ако ништо друго, барем сакаат да веруваат дека добро ќе се сложувате со сите.

Колку дена ќе имам годишен одмор и кога можам да го земам

Дали вие само што прашавте за слободни денови, а уште не сте ни почнале со работа: Секако дека ви е потребен одмор и работодавачите се свесни за тоа, но неморате веднаш да спомнувате како ви е поважно да одмарате и како токму тоа прво ви паѓа на ум.

По колку месеци може да очекувам покачување или унапредување

Ако се пријавувате за позицијата асистент, немојте да прашувате кога ќе бидете унапредени на повисока позиција. Важное да покажете интерес и за споменатата позиција, а откако ќе ја добиете работата напорно да работите за унапредување. Друга опција нема.

Немам прашања

Работодавачите бараат кандидати што се вклучени и заинтересирани. Затоа бидете такви и поставувајте прашања за се што не разбирате или ве интересира, без никаков страв. Тоа може да биде само позитивно, ако знаете да ги поставите вистинските прашања.

Најчитани вести