Со овие зборови Манда неодамна се прости од Бата Живојиновиќ

Зборовите со кои што Милорад Мандиќ Манда неодамна се прости од Велимир Бата Живојиновиќ денес кружат на интернет.

Манда почина вчера попладнето почина за време на театарската претстава „Петар Пан“, а српските медиуми ги пренесуваат зборовите со кои што тој пред нешто помалку од месец дена се прости со него:

Велимир, никогаш не те викавме така, те викавме брат, татко, учител, ти благодариме за наградата што те запознавме, што игравме со тебе, го делевме кадарот, имаме право да бидеме лути што се заврши вака. От тебе Бато го крадевме занаетот, јас ти се извинувам што не го правевме тоа повеќе. Се што ние земавме, тие знаеше дека преку нас ќе живее. Тешко е во ова време да се говори, затоа што нам годините не ни се важни туку она што останува зад човекот.

Ова е уште една од низата години на актерот, можеби буџетот на оној министер за култура горе е многу поголем, па им требаат толку актери. Поздрави ги сите. Те обожававме. Бато, фала ти за се и секако ние сме ти вечно благодарни, се надевам дека си замина мирно, во сон. Легендо, почивај во мир, говореше Манда.

Инаку познатиот актер Милорад Мандиќ Манда ненадејно почина во 56-тата година од животот, откако му се слоши на сцената за време на изведбата на претставата „Петар Пан“.