Овие жени им се најпривлечни на мажите

Portrait of a Young Couple

Жените по прекинот на врска тагуваат, а уште потажни се доколку се оставени. Но, судејќи спред најновите истражувања, не би тебало да очајуваат, бидејќи токму тогаш им се најпривлечни на мажите.

Психолозите тврдат дека кога мажите ќе дознаат дека жената го оставила партнерот, тоа ги чини понервозни и ги одбегнуваат таквите жени. Жените пак преферираат мажи кои оставаат.

Како што велат истражувачите, подготвеноста на мажот да прекине некоја врска за да пронајде „подобра“ жена може да се сфати како показател на одреден статус.

Истражувањето се темелело на измислен интернет сервис за пронаоѓање партнер. По низа информации за лажните профили на учесниците, тие дошле до податоци за тоа зошто дошло до прекин на врската.

Постоел три можности – личноста да е оставена, дамата сама да ја прекинала врската или пак воопшто да нема одговор по ова прашање. Вкупно имало 198 учесници, 102 жени и 96 мажи на просечна возраст. Поголемиот дел од учесниците биле хетеросексуалци.

Се покажало дека на мажите повеќе им се допаѓаат жените кои се оставени. Од друга страна, жените кои сами ја прекинале врската и го оставиле поранешниот партнер биле помалку привлечни. Мажите ги сметаат жените кои го оставиле мажот подоминантни, што не соодветствува со нивната перцепција за улогата на полот. Можно е таквите жени да ги сметаат за пребирливи и покомплицирани.