Свет

Овие жени владеат со светот!

Овие жени владеат со светот!

Лидерките на чело на државата ги зацврстија своите позиции, па со право 2013-та година може да се нарече Година на жената.

Германската карпа – Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел го започна својот трет по ред мандат, а Мишел Башеле повторно стана претседателка на Чиле.

Можеше да се вика Ангела Казмирчак и да биде само уште една германска домаќинка, сепак Ангела Меркел одбрала да се занимава со политика и денеска  е шеф на Христијанскодемократската унија и канцеларка на Германија. После второто реизбирање, светските медиуми ја прогласија за најмоќна жена на светот, а таа титула во 2013 и ја додели Форбс.

„Жените сосема добро се снаоѓаат во политиката, но сепак некој работи мажите ги прават подобро. На пример, подобро цепат дрва “, има кажано Меркел во една прилика.

Русеф – бразилската Челична дама

На второ место на Форбсовата листа на најмоќни  жени за 2013 година се најде Дилма Русеф, претседателка на Бразил. Ја нарекуваат и бразилската Челична дама, а очите од целиот свет годинава ќе бидат вперени во неа, кога ќе се игра светското првенство во фудбал во Бразил.

„Го сакам фудбалот, како и сите во Бразил. Ова ќе биде светски куп над куповите“, рече претседателката која во седумдесеттите поминала две години во затвор поради вмешаност во трговија со дрога и оружје.

Мишел Башеле – Работам за жените

По оценките на аналитичарите, Јужна Америка представува една од водечките региони за жените во политиката. Во прилог на тоа говори и фактот дека Мишел Башеле во декември  по втор пат е избрана за претседател на Чиле. Во 1975 годинаа Башеле ја уапсиле и мачеле чилеанските власти, две години по воената драма  со која  диктаторот Августо Пиноче стана претседател.

„Превзедов ризик и станав лидер на државата а истовремено не се одреков од својата женствена природа. Јас сум жена и работам за жените“,  рече претседателката.

Кралицата на ботоксот на чело на Аргентина

На чело на Аргентина е исто така жена. Вториот по ред мандат на Кристина Фернандес де Кирхнер почна во октомври 2011. Вдовицата на поранешниот претседател Нестор Кирхнер е истрајна во спорот со Обединетото Кралство околу суверинитетот над Фокландските острови.

Во октомври имаше операција на мозокот, а критичарите ја нарекуваат кралицата на ботоксот. Велат дека е опседната со изгледот и дизајнерската облека, а од патувањата се враќа со куфери полни скапи обувки.

„Во политиката како и во животот внесувам многу страст. За тоа се заслужни моите латино корени“, изјави претседателката.

Единствена во поранешна СФРЈ

Во март на местото на премиерот на Словенија дојде Аленка Братушек, прва жена на таа функција од стекнувањето на независност.

Празениот Јанез Јанша на Твитер напиша: „Животниот век на нејзината влада нема да биде подолг од нејзината сукња”, сметајќи дека е „премногу наивна”.

Хеле Торин Шмит, премиерка на Данска

Од октомври 2011, она е прва жена на таа позиција. Го воведе законот со кој се наложува да вработените секој ден работат плус 12 минути, што придонесе за цел саат продуктивност плус неделно. Медиумите ја критикуваа за наводното флертување со Обама на комеморацијата на Нелсон Мандела, кога го извади својот мобилен телефон и се сликаше со американскиот претседател. Атрактивната русокоса носи исклучиво брендирана облека и чевли, а на картата сексапил играше и во текот на предизборната кампања.

„За девојчињата мојот избор е голема работа. Тоа им покажува дека можат да сонуваат и мечтаат за било која функција“, рече Шмит.

Ерна Солберг, премиерка на Норвешка

Таа е втора жена на таа функција. Половина министри во нејзиниот кабинет се жени. Нејзин пример е Ангела Меркел. Вети дека ќе ги намали даноците на платите и ќе ги заостри условите за добивање на иселенички дозволи за имигрантите.

Железната Ерна, како ја нарекуваат норвежаните, во брак е од 1996 година со Синдрем Фин со кого има две деца. Во текот на предизборната кампања тој застана во одбрана на својата сопруга, сметајќи дека водителот на националната телевизија НРК  „премногу остро испрашува во живо”.