ФОТО: Овој човек ќе го замени Путин

Владимир Путин го подготвува човекот што ќе ја предводи Русија по неговото заминување, а името на тој човек е Алексеј Дјумин, пишува „Дејли Меил“.

Дјумин (43), заменик министерот за одбрана, во Русија има имиџ на херој на војската и е единствен кој ја поседува харизма која што може да се мери со онаа на Путин.

Овој човек ќе го замени Путин
Овој човек ќе го замени Путин

Путин оваа недела на Дјумин му ја доверил и првата задача на долгиот пат до преземање на власта во Москва. Односно тој го презема местото гувернер во оддалечениот регион Тула. Истовремено во медиумите се пренесуваат и протечените извештаи за херојството на Дјумин за време на неговата воена кариера.

Дјумин е поранешен телохранител и пријател на Путин, но и голман во хокејарскиот клуб на претседателот на Русија. Додека беше заедно со Путин даваше впечаток на човек во сенка во кого претседателот има огромна доверба.

Овој човек ќе го замени Путин
Овој човек ќе го замени Путин

Од друга страна, Дјумин е познат и како човек кој успешно ја водел операцијата за отстранување на симнатиот Виктор Јанукович во Украина, но и како човек што бил заповедник на руските специјалци што ја играле клучната улога во заземањето на Крим. За ова тој од Путин доби медал за храброст, титулата Херој на Русија и беше унапреден во чинот генерал. Според некои извештаи тој бил заменик на руската војна служба.

Овој човек ќе го замени Путин
Овој човек ќе го замени Путин

Потоа е поставен на местото заменик министер за одбрана, веднаш зад Сергеј Шојгу. Одлуката на Путин да му ја даде Тула на управување за аналитичарите претставува знак дека претседателот го подготвува човекот што во целост ќе биде подготвен да ги преземе сите негови улоги.

Аналитичарите, исто така очекуваат дека 63-годишниот Путин ќе се кандидира на изборите во 2018-тата година, но тоа ќе му биде последен мандат и дека дури постои можност некаде во 2020-та година да му го предаде мандатот токму на Дјумин.