Овој накит сите ќе го паметат

Од  годинешното доделување на Оскарите покрај гламурозните тоалети и премногу проѕирните фустани ќе остане запаметен и најскапиот и најубав накит што сите го забележаа.

Скарлет Јохансон

skarlettt

Ѓерданот со Сваровски кристали беше вистински избор. Иако нејзиниот фустан кој беше креација на Версаче многумина го оценија како вистинско промашување, ѓерданот од друга страна доби сосема поинакви критики. Иако не беше премногу скапоцено, ова парче накит заслужи да се најде на листата на најдобрите.

Кејт Бланшет

kate

Како вистинска жена со стил, Кејт речиси никогаш не греши кога станува збор за црвениот килим. Овој пат таа се одлучи за интересен син ѓердан од асортиманот на Тифани.

Гвинет Палтроу

gvinet

Иако некои модни критичари го оценија фустанот на Гвинет како лош избор, обетките добија пофалба од сите. Таа се одлучи за обетки со рубини, бели и жолти дијаманти.

Маргот Роби

margot

„Волчицата од Вол Стрит“ беше атрактивна како и секогаш, а својот стил го надополни со интересни парчиња накит.  Ѓерданот „Zip Antique Colombine” од 18-каратно злато секако беше вистински избор.

Рита Ора

ritaaa

Рита Ора ги импресионираше сите и на доделувањето на Оскарите и на забавата што следеше потоа. Кога станува збор за накитот, таа овој пат се одлучи за дизајнерските обетки на Лорејн Швајц.