Магазин

Со овој појадок ќе загубите пет килограми за 10 дена

Со овој појадок ќе загубите пет килограми за 10 дена

Веќе сте пробале неколку диети, но тие се безуспешни? Имате бавен метаболизам, а најголема желба ви е да ослабнете?

Тогаш треба да го пробате овој рецепт. Овој појадок изобилува со витамини и минерали.

За подготовка на овој оброк ќе ви биде потребно: 300 мл кефир (или безмастен јогурт); 2 супени лажици овесни снегулки; 1 лажичка мелено ленено семе; 1 лажичка какао во прав; 5-7 суви сливи.

Подготовка:

Овој оброк се подготвува навечер за следниот ден. Прелејте ги со 100 мл зовриена вода сувите сливи. Покријте ги и оставете ги да отстојат 5 до 10 м инути. За тоа време во сад ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Прелејте со кефир и промешајте добро.

Сливите што набабриле ситно исечкајте ги, може и да ги измиксате во блендер и додадете ги на претходната смеса.

Добро промешајте и оставете го појадокот да отстои во ладилникот. Наутро извадете од ладилник и уживајте во вкусниот и здрав појадок.