петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Со овој сок ќе добиете тен, а не мора да ја горите кожата

Сакате да добиете темен тен, но не сакате претерано да се изложувате на сонце за да не ја оштетите кожата?

7-pricini-zaradi-koi-sekoj-den-treba-da-piete-sok-od-morkovi-01

Поврзани вести

Сакате да добиете темен тен, но не сакате претерано да се изложувате на сонце за да не ја оштетите кожата?

Решението не е ниту во скапите креми, ниту пак во вештачките таблети – туку во овошјето и зеленчукот што го имате дома. Се што треба да направите е да го подготвите овој домашен сок, да го пиете секој ден пред да одите на одмор и ќе добиете боја како никогаш претходно.

Бета каротенот е магична состојка што ви е неопходна не само за добар тен, туку и за силен имунитет и убав изглед на кожата. Иако често се говори дека бета каротенот е исто што и витаминот А, вистината е дека всушност станува збор за провитамин на овој скапоцен витамин. Со други зборови, станува збор за растителен пигмент што нашиот органозам го претвора во витамин А откако го консумираме.

Бета каротенот ги обновува ќелиите, ја штити кожата од УВ зраците и прави кожата многу побрзо да ја прими бојата од сонцето. Ако редовно ги консумирате намирниците што содржат каротени, ќе можете да се сончате само во дозволениот период, наутро пред 10 часот и попладне по 18, а дома да се вратите како да сте се „пржеле“ по цел ден.

Еве што се вие потребно за да го подготвите овој сок за брзо потемнување:

  • 1 морков
  • 1 праска
  • 1 парче свежа тиква или диња
  • 1 јаболко

Подготовка:

Ставете се во блендер, а по желба можете да додадете и друго овошје заради подобар вкус. Додадете  на крајот малку лимон за витамин Ц и пијте го овој сок секојдневно наутро, пред појадокот. Овој сок треба да почнете да го пиете 10 дена пред да одите на одмор и за време на самиот одмор јадете повеќе моркови.

Овој рецепт гарантира најбрзо и нејбезбедно потемнување, но заштитата во вид на крема секако е неопходна.

Најчитани вести