Овој сок за три часа го намалува високиот крвен притисок

Сокот од вишни делува на организмот како лековите за висок притисок и го намалува. Научниците од Универзитетот Нортамбри откриле дека луѓето што пиеле по 60 мл концентриран сок од вишни разреден со вода имаат за 7 отсто помал притисок за само три часа.

Тоа, според експертите, е доволно за ризикот од мозочен удар да се намали за 38 отсто, а од срцев за 23 отсто.

Ова одлично својство се припишува на фенолската киселина од вишните што воедно е и силен антиоксиданс. Вишните имаат најдобро влијание на намалувањето на крвниот притисок кога двете фенолни киселини (протокатекучната и ванилинската киселина) ќе достигнат највисоко ниво во крвта на пациентот.

Поголемиот дел кардиоваскуларни болести се предизвикани од ризични фактори што може да се контролираат и да се менуваат. Тоа обично е високиот крвен притисок, холестеролот, зголемената телесна тежина, пушењето, недостатокот на физичка активност и дијабетесот. Високиот крвен притисок е водечка причина за смртноста од кардиоваскуларните болести, а веќе малиот пад на притисокот има големо влијание на стапката на смртност, појаснува предводничката на студијата Карен Ким.

Затоа луѓето што страдаат од висок крвен притисок треба да јадат колку е можно повеќе вишни, посебно кога се во сезона, но и замрзнати.