понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Овој терорист е обвинет за престрелката во Брисел и атентат во Париз

Салах Абдеслам е обвинет во Брисел за обид за убиство во рамките на истрагата за престрелката во квартот Форе во белгиската престолнина на 15 март, кога антитерористичката операција, поврзана со нападите во Париз на 13 ноември заврши со пукање кон полицијата, смрт на осомничениот напаѓач и бегство на две лица, јавува БТА.

napagac-vo-brisel

Последни вести

Салах Абдеслам (26) е единствениот преживеан од извршителите на атентатот во Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 луѓе.

Тој е осомничен дека е еден од двајцата кои избегаа за време на операцијата.

Неговите отпечатоци беа пронајдени во претресениот апартман во Форе.

Салах Абдеслам е фатен на 18 март во бриселскиот квартал Моленбек и следниот ден е обвинет за учество во терористичкиот напад во Париз.

Најчитани вести