Со овој тест откријте го полот на бебето

Бременоста покрај големата радост носи и забавни моменти, но и неизвесност кога станува збор полот на бебето.

Ви носиме еден интересен тест со сода бикарбона преку кој може да го откриете полот на бебето.

Иако научниците го сметаат овој метод за несигурен, сепак можете да го пробате.

Ставете две лажици сода бикарбона во сад, а потоа уринирајте неколку капки. Утринската урина е најдобра за тестот, затоа што има помалку концентрати. Ако миксот од урината и содата прави пена тоа значи дека е машко, а ако нема реакција е женско.

Ова е стара приказна, не е научно докажано дека е вистинит. Но, можете да се обидете да откриете.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.