Овој вторник нема X Фактор, а следниот двајца си одат

Според официјалното соопштение испратено од  службата за односи со јавноста на Х Фактор утрешниот концерт  е откажан  и тоа поради здравствени причини на неколку натпреваручаи, но затоа следниот вторник  шоуто ќе го напуштат двајца натпреварувачи.

Дел од кандидатите на Х Фактор се разболеле од грип, па продукцијата и менторите едногласно одлучиле дека не е фер и борбата нема да биде рамноправна доколку дел од нив настапат со болки во грлото.

Токму затоа утре на програмата на Сител телевизија ќе се емитува специјално издание на Х Фактор во кое гледачите одблизу ке го запознаат својот фаворит.