Овој зачин ги топи килограмите!

Се ближи зимата, а со неа и таложењето килограми. Но, ако секој ден јадете само една лажичка од овој зачин, нема да накачите ниту грам „салце“.

Кимот е еден од најстарите познати зачини, кој се користел пред повеќе од 5 илјади години, а сега е докажано дека е многу делотворен во борбата против вишокот килограми. Научниците од Универзитетот за медицински науки во Иран спровеле интересно истражување. Тие формирале две групи, а секоја се состоела од 44 жени кои имаат проблеми со гојазноста или вишокот килограми.

Во период од три месеци и во едната и во другата група било пропишано мени според кое требало да внесуваат 500 калории помалку на ден. Првата група испитаници во тоа време јадела три грама ким во прав дневно, помешан со 140 грама јогурт. Втората група жени конзумирала иста количина јогурт без ким.

По три месеци жените од првата група загубиле од еден до четири килограми повеќе за разлика од жените од втората група.

До промената во килограмите доаѓа бидејќи овој зачин содржи филостерол – билна хемикалија која е позната по тоа што спречува задржување на холесторол во организмот. Бидејќи станува збор за студија која докажува дека овој зачин помага при слабеењето, научниците сметаат дека тоа се случува и поради забрзувањето на метаболизмот.