Овој знак е мошне тежок карактер, но сите го сакаат

Со нив животот неретко не е едноставен, но би бил целосно празен да не постојат. Тие се духовити, шармантни, занимливи, најдобри љубовници, пријатели и партнери – секогаш се подготвени за акција и за забава. Со нив никогаш не е здодевно, а ги сакаме поради следните карактеристики.

Водолиите се оргиниални, фантазери чијашто фантазија ги надминува сите граници на реалноста. Со нив ни е забавно, затоа што ќе не одведат во светот што не го познаваме, во светот на фантазијата каде Петар Пан засекогаш може да остане дете.

Сериозни се само во оние мигови кога треба да дадат вистински, искрен, пријателски совет. Тогаш се мошне објективни. Сакаат еднаквост и правда. Понекогаш се чудни, па другите не ги сфаќаат.

Нивниот интелект го воодушевува сите што ќе се најдат во разговор со нив. Тие се двигатели на забавата, а со нив секогаш е добро во друштво. Доколку со нив одите на забава, сметајте дека задолжително ќе има и афтер парти. Знаат како да ги мотивираат другите, затоа што и самите се мошне мотивирани и расположени. Ако сте го освоиле нивното срце, тие ќе направат се за да ве усреќат.

Уран, владејачката планета на Водолијата има нагла, силна и понекогаш агресивна природа, но тој исто така на Водолиите им дава визионерски квалитети, а тие се во состојба да проникнат во иднината и знаат точно што ќе прават за пет или десет години. Уран им подарил моќ на брзи и лесни трансформации, па се познати како мислители, прогресивци и хуманисти. Добро се чувствуваат во група и заедница, па тежнеат секогаш да бидат опкружени со други луѓе.

Водолијата ќе направи се за саканите луѓе до точка на саможртвување ако е потребно. Во пријателите најчесто ги бараат карактеристиките на креативност, интелект и почит. Кога станува збор за семејството очекувањата не се помали. Иако имаат чувство на долг кон роднините, тие нема да создаваат многу блиски врски доколку истите очекувања како и кај пријателите не се исполнети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.