Со седмата победа сезонава, Ожие ја осигура титулата во ВРЦ шампионатот

Трета година едноподруго Себастијан Ожие стана шампион во Светскиот рели шампионат

Французинот од Фолксваген стана четврти на сите времиња со третата титула, зад Финците Канкунен и Макинен кокимаат по четири и неприкосновениот Себастијан Леб со девет.

Победата во Австралија му беше седма сезонава, а ја почна со проблеми во петокот наутро, кога беше осми. До крајот на денот стигна до третото место, а вчераутро го презеде водството со 0,3 секунди и оттогаш не дозволи да го загрози никој.

Ожие повторно доминантен во Светскиот рели шампионат
Ожие повторно доминантен во Светскиот рели шампионат

На второто место заврши неговиот тимски колега од Фолксваген, Јари-Мати Латвала, а трет беше Британецот од Ситроен, Крис Мик. До крајот на календарот во ВРЦ има уште три трки, релијата во Франција во Шпанија и во Велика Британија, кои ќе пресудат само за второто и третото место во генералниот пласман.

Ожие е недопирлив со 235 бода, Латвала е зад него со 134, трет е Андреас Микелсен, исто така од Фолксваген со 111.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.