Озил сака со пехар да го награди Јоаким Лев

Репрезентативецот на Германија, Месут Озил откри дека националниот тим сака да ја освои светската титула на Мундијалот во Бразил и потоа истата да биде посветена на актуелниот селектор Јоаким Лев.

„Лев е творецот, Лев го создаде овој нов национален тим. Најзаслужен е за новиот лик на Германија. Приметив дека противниците се плашат од Германија, свесни се дека имаме многу силен тим. Има голем напредок во нашата игра, играме убаво за око, имаме спектакуларен стил на игра. Лев е еден од најдобрите тренер на денешницата и ние сме многу среќни поради фактот дека е селектор на Германија. Се надевам дека најпосле ќе ја добие заслужената награда. Во минатото бевме елиминирани во полуфиналната рунда или во самото финале. Сега ја сакаме светската титула, сакаме на тој начин да го наградиме нашиот селектор,“ изјави фудбалерот на Арсенал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.