Озил се откажа од германската репрезентација

Дваесет и деветгодишниот играч за врска на лондонски Арсенал, Месут Озил, се прости од германската фудбалска репрезентација откако последните денови беше цел на низа критики и етнички напади.

Озил се најде на жесток удар на дел од германската јавноста откако пред штотуку завршеното Светско првенство се фотографираше со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогаб. Фудбалерот со турско потекло се бранеше дека таа фотографија нема никаква поврзаност со политиката, но неговите критичари ја сместија во конотација на претседателската кампања во Турција,

„Му беше тешко да ја донесам оваа одлука, но повеќе нема да играм за Германија поради чувствата на расизам и непочитување. Некогаш за оваа репрезентација играв со гордост, но тоа повеќе не е така. Не се почитуваат моите турски корени… Германец сум кога победуваме, а имигрант кога ќе загубиме“, изјави Озил.

Месут Озил за германската фудбалска селекција одигра 92 натпревари на коишто постигна 23 гола. Со „панцирите“ на мундијалот во 2014 година во Бразил ја освои титулата светски првак.