Пациент избегал од Душевната болница во Демир Хисар

25 годишениот прилепчанец ,Тони Корачоски на 7 март избегал од психијатриската болница во Демир Хисар каде што се лекувал.

Од тогаш никој не знае каде е момчето. Неговата мајка, заедно со уште неколку најблиски родини веќе неколку денови трагаат низ демирхисарските села, а денеска побараа информации во психијатриската болница.

Од болницата објаснуваат дека бегството го забележало обезбедувањето и веднаш било интервенирано, но не успеле да го стигнат пациентот, по што случајот го пријавиле во полиција која трага по момчето. Додатни екипи од болницата трагале и во селата од каде имале информации дека момчето е видено.

Од болницата додаваат дека за овој случај веќе е покрената и дисцилинска постапка со цел да се утврдат сите околности под кои дошло до бегството.