Пациент со симптоми на ебола примен во клиника во Калифорнија

Пациент што можеби е заразен со вирусот Ебола е примен на лекување во клиника во Сакраменто, Калифорнија.

Тој е ставен во карантин, а персоналот што го лекува има заштитна облека. Се уште се чекаат резултати од анализата на крвта.

Од ебола во светот досега починаа 1.229 лица, во најголем дел во четири држави во Западна Африка.