Пациент заболен од рак е излекуван со хив

Американски лекари успеаја пациент заболен од рак да го излекуваат со помош на ХИВ.

Маршал Јенсен (30) од американската држава Јута, женет и татко на едно дете, заболел од акутна лимфобастична леукемија во 2012 година и изминатите две години трагал за ефикасен лек.

Тој на клиника во Пенсилванија како еден од 30 пациенти бил на експериментална програма со користење ХИВ, вирусот кој ја предизвикува Сидата. Третманот подразбира на пациентот да му се дадат бели крвни зрнца со деактивиран ХИВ кои потоа уништуваат клетки на рак.

Јенсен одлично реагирал на таа терапија и целосно е излекуван. Од 30 пациенти кои учествувале во лекувањето, 23 се се уште живи, а 19 излекувани. Врската меѓу ХИВ и леукемијата е откриена во 2006 година.