Македонија

Пациентите на клиниките за гинекологија, гастро и пулмологија најзадоволни од хигиената

Пациентите на клиниките за гинекологија, гастро и пулмологија најзадоволни од хигиената

Во рамки на истражувањето на задоволството на пациентите во јавното здравство, спроведено изминатиот месец, како еден од индикаторите за мерење на задоволството на пациентите беше опфатена хигиената во јавните здравствени установи.

Во овој сегмент се бележи пораст на задоволството на пациентите, во споредба со истражувањето спроведено во 2013 година, особено кај анкетираните пациенти во рамки на универзитетските клиники. Највисок процент на задоволни пациенти е евидентиран во:

– Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (96% од анкетираните пациенти одговориле дека се задоволни од хигиената во установата),

–  Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија (95% задоволни пациенти) и

– Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија (93.3% задоволни пациенти).

Истражувањето е спроведено во форма на теренска анкета во вкупно 21 универзитетска клиника, 15 болници во повеќе градови низ државата и 32 здравствени домови, со што се опфатени вкупно 6300 испитаници.

Согласно Законот за здравствената заштита, Министерството за здравство има обврска да спроведе анонимни анкети за задоволство на пациентите два пати годишно, а испитувањето на задоволството на пациентите е фокусирано на два општи сегменти – квалитетни услови во јавните здравствени установи и хоспитална култура во јавното здравство.