Пациентите задоволни од болницата во Битола

Преку 58 % од испитаните пациенти во битолската клиничка болница се задоволни од достапноста на лекарите. Оваа го покажаа последните анкети кои Министерството за здравство ги спроведува во болниците за задоволството на пациентите од здравствените установи. 61% од пациентите се задоволни од достапноста на другиот персонал, а 70% се задоволни од стручноста на лекарите.

-Јас сум многу задоволна од тертманот на битолската Клиничка болница, поготово од приемот на сестрите и на докторите, од лечењето, од контролите, од се`, вкупно од се`.

-До сега сум немала проблеми, љубезни се кон мене.

-Прилично е добро и задоволен сум.

Ова се само дел од коментарите на пациентите во болницата.

Од болничката управа денеска посочија и дека 63% од пациентите се задоволни од љубезноста на лекарите и другиот персонал. Исти биле оценките и за пружената медицинска нега.

– Имаме преку 63% од пружената медицинска нега. Интересен параметар е пратењето на мој термин, преку 86% пациентите кога дошле на закажан мој термин лекарите биле тука. Се прати годишно, квартало, месечно. И се трудиме задоволството на пациентите расте континуирано во сите наши можности, рече Василе Најдовски, директор на Клиничка Болница Битола.

Од болницата најавија дека во следните денови треба да започне реконструкцијата на Клиничката болница, зафат во вредност од 130.000 милиони денари.

Во првата фаза ќе се менуваат покривот и дограмата, а ќе биде поставена енергетска фасада, додека во втората фаза ќе се изведува внатрешната реконструкција.