Пациентот кој избега од болницата во Демир Хисар, пронајден мртов

25-годишниот Тони Карачоски кој што избега од душевната болница во Демир Хисар е пронајден мртов над селото Варбино во месноста Чешмиче.

Полицијата изврши увид на местото каде што беше пронајдено телото на веќе починатиот, по што ќе работи на целосно расчистување на случајот.

Инаку, полицијата по исчезнатото лице трагаше уште пред 10 дена, а семејството преку медиумите апелираше за помош.