Пацоли: Во јануари продолжува дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека дијалогот во Брисел за одредени прашања ќе биде продолжен во јануари и ќе се одвива поинтензиво од сега.

Пацоли во исто време изрази оптимизам дека до крајот на 2018 година ќе биде постигнат конечен „договор за помирување помеѓу двете земји“.