Пад на цената цената на електричната енергија

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинства, во второто полугодие, е 4,88 денари по киловатчас, па за разлика од првото полугодие е намалување од 2,24 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,65 до 7,99 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 24,60 до 26,13 денари по nm3 , по групи на потрошувачи