Пад на цената на нафтата

Цените на нафтата повторно потонаа поради новите стравувања поради преголемата понуда, која се јавува како резултат на зголемувањето на бројот на американските нафтени платформи, пренесува Б92.

Повторно дојде до пресврт по минатонеделните добивки што американската „лесна“ нафта WTI ја вивнаа на над 40 долари за прв пат од декември минатата година, под влијание на наглиот пад на вредноста на доларот и обновениот оптимизам дека производителите ќе постигнат договор за замрзнување на производството.

Нафтата WTI  за испораката во април денес падна на 56 центи (1,42 отсто) на 38, 88 долари, додека северноморската нафта „брент“ за мајската испорака поевтини за 30 центи на 40, 9 долари.

Катарскиот министер за енергетика, Мохамед ал- Сада, потврди минатата недела дека членките на ОПЕК ќе се состанат со земјите што не се членки на тој картел на 17-ти април во Доха што ги поттикна надежите за постигнување на договор за ублажување на презаситеноста на глобалниот пазар на нафта.

Таа иницијатива е поддржана од страна на 15 земји, што прават околу 73 отсто од светските производители на нафта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.