Пад на цените на „црното злато“

Терминските цени на нафтата денеска заблежаа намалување, по пресметката на профитот кој што следел по рекорниот овогодишен раст на цените на овој енергенс.

Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во март на Трговската берза во Њујорк поевтини за 21 цент на 96,52 долари за барел, по вчерашното поскапување од 1,76 долари, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 108,06 долари, односно 21 цент помалку.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во својот месечен извештај прогнозирала раст на побарувачката на нафта во 2014-та година од 1,3 милиони барели дневно, што е повеќе во однос на претходно прогнозираниот раст од 1,2 милиони.

На вчерашниот раст на цените на нафтата влијаеше одлуката на Меѓународниот монетарен фонд да ги подигне прогнозите за глобалниот економски раст за оваа година, што според очекувањата, би требало да ја поттикне побарувачката на нафта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.