Пад на курсот на еврото

Еврото загуби повеќе од 1,30 отсто од својата вредност во однос на доларот по одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да не и дозволи повеќе на Грција да зема повеќе кредити, користејќи државни обврзници.

Еврото се разменуваше за 1,13 долари вчера во 21,40 часот, а само еден час пред соопштението на ЕЦБ неговата вредност изнесуваше 1,14 долари.

Падот на курсот на еврото се зголеми по соопштението на ЕЦБ дека грчките банки веќе нема да можат да земаат кредити, користејќи грчки државни обврзници или обврзници гарантирани од Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.