Пад на потрошувачката на пиво во Франција

Потрошувачката на пиво во Франција е намалена по јануарското зголемување на данок на тој алкохолен пијалок, што ги погоди пиварниците, како и рестораните и кафулињата.

На францускиот пазар на пивата, продажбата до крајот на септември е намалена за три отсто, а во хотелите, рестораните и кафулињата дури осум отсто, пренесува „Фигаро“.

Причината за падот во продажбата, е пораст на цените од 14 отсто од јануари, како и просечно намалување на производството за 10 отсто. Намалената потрошувачка на пиво, посебно ги погодила рестораните и кафулињата бидејќи кафињата и пивото најмногу се продаваат во тие угостителски објекти.

Во Франција, половина литар на пиво поскапе за 30 центи,  поради раст на акцизите. Пазарот на пиво во Франција беше стабилен од 2008 година, иако тенденцијата на пад е присутна во последните 30 години.

Франција е на 26 место по потрошувачка на пиво во Европа, со просек од 30 литра потрошувачка по глава на жител на годишно ниво.